
Се бара притвор за четири лица кои краделе од објект на Железници во Скопје
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Април 2025

Скопското обвинителство поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на Јавното претпријатие Македонски железници Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.
Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.
Потоа, уште еднаш на 14 април, двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените.
За сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
