
Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор, без доволно докази, прашуваат од ДУИ по трагедијата во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Април 2025

Демократската Унија за Интеграција со сериозна загриженост ги следи случувањата поврзани со трагичниот настан во Кочани и начинот на кој институциите на правдата го водат процесот, под јасен политички притисок и со намера вината да се префрли кај други, за да се заштитат сопствените луѓе на власта, инфрормираат од оваа партија.
„Информациите дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата, во нормална држава, би бил аларм за целото општество.
Во нашата реалност, молкот на институциите зборува погласно од било која одлука.
Вчера беше донесена одлука речиси сите приведени да бидат пуштени, освен Крешник Бектeши, кој и понатаму останува во притвор – личност која одамна е цел на политичка одмазда.
Ова не е веќе индивидуален случај – туку опасен модел на селективна правда, која станува алатка за политички притисок и елиминација“, велат од ДУИ.
ДУИ бара јавно и веднаш Обвинителството да одговори пред граѓаните:
– Дали е вистина дека обвинител се повлекол поради политички водена истрага?
– Ќе дозволи ли Обвинителството да стане инструмент за политичка одмазда кон опозицијата?
– Кои се критериумите според кои едни се пуштени, а други остануваат во притвор без доволно докази и со нејасна истрага?
„Ова не е правда – ова е политика во судска обвивка.
Не смее да дозволиме трагедијата во Кочани да се искористи за политичка пропаганда и прикривање на одговорноста на владејачките структури.
ДУИ не брани поединци, туку ја брани правдата како принцип, еднаква за сите“, се истакнува во партиското соопштение
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
