Папазов од притвор оди во куќен притвор – за седуммина осомничени за пожарот во Кочани мерката е заменета

Поранешниот градоначлник на Кочани, Љупчо Папазов, кој си поднесе оставка од функцијата по трагедијата во дискотеката „Пулс“, оди во куќен притвор, каде што се и неговите претходници на градоначалничката функција, Ратко Димитриевски и Николчо Илијев.

 

Судот во Кочани на својата веб-страница денес информираше за донесените мерки за осомничените во истрагата, со што на седумина осомничени, мерката притвор им е заменета со куќен притвор.

 

„По изјавена жалба од осомничените преку нивните бранители изречената мерка притвор беше замената со мерка куќен притвор за тројца осомничени, а во понатамошниот тек од постапката по даден предлог на ОЈО Кочани за замена на мерката притвор со мерка куќен притвор за 4-четири осомничени беше определена мерка куќен притвор“, пишува во соопштението на судот.

 

Ексминистерот за економија, Крешник Бектеши останува во притвор, додека неговите претходници, ексминистрите за економија, Ваљон Сарачини и Беким Незири, се во куќен притвор. За Дритон Кучи се изречени се мерки на претпазливост.

 

Пожарот во „Пулс“ ги однесе животите на 62 лица, од кои повеќето млади.

 

Прочитај и: Почина уште еден повреден во пожарот во Кочани, кој се лекуваше во Белград

 

Осомничениот полицаец за пожарот во Кочани по кој се трагаше сам се пријавил во Обвинителството.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.