
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 24 Април 2025

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници организира крводарителска акција на 30 април со која ќе го одбележи 3 Мај – Светскиот ден на слободата на медиумите. Акцијата ќе се одвива координирано на неколку локации во земјата.
„На 30 април 2025, во терминот од 8 до 14 часот, драгоцената течност која спасува животи ќе може да се дарува во Скопје во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвениот крст на град Скопје (ДХО ‘Даре Џамбаз’). Во исто време, во просториите на службите за трансфузиона медицина во Клиничкиот центар во Битола, во Општата болница во Струмица, ЈЗУ Општа болница Прилеп и во Клиничкиот центар во Штип крв ќе може да се дарува од 9 до 14 часот“, велат од ССНМ.
Крводарителската акција, која Синдикатот ја организира трета година по ред, се одржува во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и со поддршка на Црвениот крст на град Скопје. Со цел ефикасно организирање на оваа солидарна акција пријавувањето е на електронската пошта на ССНМ – Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
