
Наташа Беквалац го прекина настапот поради една девојка: „Ти посакувам никогаш да не ти се случи она што мене ми се случи“
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 24 Април 2025

Српската пејачка Наташа Беквалац неодамна одржа концерт во едно кафуле, каде што за своите верни фанови ги испеа некои од своите најголеми хитови. Вниманието на јавноста го привлече и група девојки, кои се собраа поради посебна причина – моминска вечер.
Беквалац накратко го прекина концертот за да ѝ посака сè најдобро во бракот на идната невеста.
„Сакав да имам семејство, деца, маж, златен ретривер, сè што оди со тоа, трипати пробав, трипати не успеав, а знаеш што сакам за тебе? Сакам тоа никогаш тебе да не ти се случи. Сакам твојата љубов да трае вечно и ти посакувам сè што сонуваш. Ти благодарам што дојде на мојот концерт иако ме сметаат за некој што не успеа, ти си многу храбра девојка“, ѝ рече таа.
Фотографии и видеа се раширија на мрежите, а како изгледаше овој емотивен момент видете во продолжение:
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
