
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и побегна
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 25 Април 2025

Дваесет и четиригодишник од Охрид управувал со возилото со кое беше прегазен пешак синоќа на улицата Гоце Делчев во градот.
Тој со својот автомобил удрил во 59-годишниот Е.С. од Охрид кој се здобил со тешки повреди, па го напуштил местото.
„По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид“, велат од МВР.
По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не било утврдено присуство на алкохол во организмот.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
