Загина моторџија во сообраќајна несреќа на патот Дебар – Струга

Триесет и тригодишен жител на Кичево загина во сообраќајна несреќа што се случила на патот Дебар – Струга.

 

Според информациите на МВР, вчера во 14.30 часот во Полициската станица Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на с.Отишани, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(33) од Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје.

 

Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.  Со телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка М.Ј.Г.(42) од Скопје, констатирани во Општата болница Дебар.

 

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Дебар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.