Реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот, велат од ВМРО-ДПМНЕ

 

СДС нека не се секира за Аеродром, реконструкцијата на Владимир Комаров се реализира согласно договорот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

„СДС нема што да каже, па сега се фати и со тротоарите во Општина Аеродром. Ако барем малку нешто разбираа, ќе знаеја дека градежните активности, зафати и реконструкции на отворено се реализираат во согласност со договорот и временските услови. Но, кога веќе тие не знаат, наша обврска е да им посочиме. Потпишан е договор за реконструкција на улицата и тротоарите на Владимир Комаров и согласно условите на терен, истиот се реализира“, се вели во реакцијата.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека во текот на месец април поради обемни дождови, немало поволни услови и доволна збиеност на тлото согласно проектот, за да може да се изврши асфалтирање, заради што надзорот не дозволи асфалтирање.

 

„Исто така, тротоарите во пределот од бул. Јане Сандански кон Железничка станица Скопје ќе бидат опфатени во втора фаза од реконструкција. За реализација на овој зафат, веќе е аплициран проект во Влада на Република Македонија. СДС да биде мирна, власта на ВМРО-ДПМНЕ како на централно, така и на локално ниво ги реализира и ќе ги реализира сите проекти кои значат подобар квалитет на живот на сите граѓани на цела територија на државата“, пишува во реакцијата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.