По десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“: Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за несреќата кај Ласкарци

Апелациониот суд Скопје информира дека зголеми дел од казните на обвинетите за несреќата кај Ласкарци, која ја предизвика неисправниот автобус на „Дурмо турс“, во која загинаа 16 лица.

 

„Апелациониот суд Скопје информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ- 979/24, во јавноста познат како „Ласкарци“, по одржана јавна седница на 02.04.2025 година, а по спроведено советување и гласање на нејавен дел од седницата на ден 17.04.2025 година, донесе пресуда со која ги одби како неосновани жалбите на обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Ѓ.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г., а делумно ги уважи жалбите на обвинетите Р.М. од с.Ч, Г и М.Т од Г. и делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што: Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи спрема обвинетите Д.Б.од с.Б.Г, И.Г.од Г., Г.Д. од Г., Ј.Б од Г. во делот на кривичната санкција, за обвинетиот Р.М. од с.Ч, Г по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и висината на истата и за обвинетиот М.Т од Г. по однос на засметувањето на мерката куќен притвор во изречената казна и се осудуваат и тоа: обвинетиот Д.Б.од с.Б.Г на казна затвор во траење од 10-десет години;

 

Обвинетиот Р.М од с.Ч.Г. на казна затвор во траење од 10-десет години,

 

Обвинетиот И.Ѓ. од Г. на казна затвор во таење од 7-седум години;

 

Обвинетиот Г.Д. од Г. на казна затвотр во траење од 7-седум години и обвинетиот М.Т. од Г. на казна затвор во траење од 14- четиринаесет години.

 

Истовремено под став II од одлуката, со решение се уважени жалбите на оштетените по однос на решението за трошоци кое овој суд го укина и предметот во тој дел го врати на повторно постапување пред првостепениот суд.

 

Жалбите на оштетените по однос на одлуката за имотно правно барање ги отфрли како недозволени, согласно член 411 став 4 од Законот за кривична постапка“ се истакнува во официјалната информација од Апелациониот суд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.