
Во Битола одбележан 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 09 Мај 2025

Во Битола денес се одбележува значаен историски датум со две големи значења – Денот на победата над фашизмот, како победа над разидувањето на народите, и Денот на Европа, како симбол н а здружување на народите.
По тој повод, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, делегација од Советот на Општина Битола, предводена од претседателката Габриела Илиевска, претставници на Сојузот на борците и претставници на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левицата и ЗНАМ, положија свежо цвеќе на споменикот на НОАВМ на плоштадот Гоце Делчев.
Градоначалникот Коњановски уште еднаш го истакна значењето на овој голем ден како незаборав за минатото, но и како видлива европска иднина на нашата држава.
9 Мај во Битола се одбележува со повеќе културни и историски настани.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
