
Ѓорѓиевски: Децентрализацијата на социјалните услуги, клуч за подобра грижа за граѓаните
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Мај 2025

Денеска, во просториите на ЗЕЛС се одржа состанок посветен на разгледување на можностите за децентрализација на социјалните услуги.
На состанокот, покрај претседателот Орце Ѓорѓиевски, присуствуваа и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски, кој воедно е и претседател на Комисијата за социјални прашања при ЗЕЛС, како и други градоначалници и претставници на локалната самоуправа.
На состанокот се дискутираше за иницијативата Центрите за социјална работа да преминат под надлежност на локалната самоуправа. Овој чекор се гледа како клучен во насока на подобрување на пристапот и квалитетот на социјалните услуги, како и за зајакнување на координацијата меѓу локалните и централните институции.
Со пренесувањето на надлежноста, општините би добиле поголема улога во управувањето со центрите за социјална работа, кои и понатаму би функционирале во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Ова би овозможило поконкретен и поефикасен пристап во грижата за граѓаните, особено за ранливите категории.
-Секако дека треба да се одбере модел кој е проверен и базиран врз регионалното искуство. Децентрализацијата на социјалните услуги значи поголема достапност за граѓаните, побрза реакција на институциите и креирање функционален систем кој ќе одговара на реалните потреби на локалното население. Локалната самоуправа е најблиску до граѓаните, затоа таа треба да има клучна улога во грижата за нив- изјави претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
