(Видео) Русија поставува шатори, писти и хангари: значителна руска воена активност на границата со Финска

 

Нови сателитски снимки покажаа значителна руска воена активност во близина на источната граница на Финска. Аналитичарите истакнуваат дека бројот на сместувачки капацитети за војници се зголемува во неколку клучни бази, се распоредуваат авиони и се гради нова инфраструктура, пишува „Хелсинки тајмс“.

 

Снимката ја објави шведската телевизија СВТ, а ја зема компанијата „Планет Лабс“. Тие покажуваат интензивна активност на четири локации. Според проценките, Русија го зголемува своето воено присуство во регионот како одговор на влегувањето на Финска и Шведска во НАТО.

 

 

Началникот на шведската армија, Михаел Клаесон, изјави дека овие случувања се потврда за она што Русија го најавува како „воено-технички одговор“ на проширувањето на НАТО. „Кога аплициравме за членство во НАТО, Русија рече дека ќе преземе одредени мерки. Сега гледаме дека ги спроведува“, рече Клаесон.

 

 

https://twitter.com/i/status/1922088263470162043

 

Финска официјално стана членка на НАТО во 2023 година, поместувајќи ја границата на Алијансата директно кон северозападна Русија. Како одговор на тоа, Финска ги зајакнува сопствените одбранбени капацитети и гради команден центар на НАТО во Лапонија, кој треба да биде оперативен до крајот на годината.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.