
Претреси во велешко, пронајдени оружје и муниција, уапсени три лица
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Мај 2025

Полицијата вчера уапси три лица за поседување оружје.
Според информациите на МВР, уапсени е Љ.Д.(60) и Б.Ц.(61) двајцата од село Согле, општина Чашка и С.Р.(72) од село Теово, општина Чашка.
При претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, кај Љ.Д. се пронајдени и одземени ловечка пушка и два патрони калибар 12, кај Б.Ц. се пронајдени и одземени ловечка пушка и 17 патрони, додека кај С.Р. е пронајден и одземен еден пиштол со рамка, револвер и пушка, кои ги поседувале без соодветна документација.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
