
Вергара откри каков маж бара: Сакам некој што има барем толку пари колку мене или повеќе, ако нема, тоа станува кошмар
- Детали
- Категорија: ШоуБиз
- Создадено: 19 Мај 2025

Софија Вергара, ѕвезда од серијата „Модерно семејство“, зборуваше за разводот од актерот Џо Манганиело, но и за тоа што бара кај идниот партнер.
Вергара и Мангаело беа во брак седум години, но бракот заврши, вели таа, поради несогласувања околу децата.
„Мојот брак заврши затоа што мојот сопруг беше помлад и сакаше деца, а јас не сакав да бидам стара мајка“, рече 52-годишната актерка.
„Не мислам дека е фер кон детето. Ги почитувам оние што го сакаат тоа, но тоа веќе не е за мене“, додаде таа.
Манганиело, од друга страна, во интервју за „Менс џурнал“ во 2024 година изјави дека тие едноставно се оддалечиле со текот на времето.
Познатата актерка во една емисија откри какви карактеристики би сакала да поседува нејзиниот иден партнер.
„Сакам некој висок и згоден“, рече таа со смеа, а потоа додаде со посериозен тон:
„Сакам некој што има барем толку пари колку мене или повеќе. Бидејќи ако нема, тоа станува кошмар.“
Според неа, финансиските разлики можат да станат извор на проблеми во врската.
„На крајот, тој маж може и замери или да ја мрази жената што заработува повеќе“, објасни таа.
Таа исто така истакна дека најважно за неа е да ужива и да се забавува со својот иден партнер.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
