Поднесена пријава за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација на булеварот Словенија

СВР Скопје изврши увид на бул.„Словенија“ во врска со пријавата за нелегален приклучок од фекална во атмосферска канализација за потребите на објект сопственост на правно лице од с.Глумово, општина Сарај.

 

Притоа е констатирано дека на булеварот е извршен наведениот ископ, по што од Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје кон правното лице и одговорното лице во правното лице се преземени соодветни мерки и поднесена е прекршочна пријава согласно член 14 од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.