
(Видео) Зошто Мицкоски го плаши вистината за трагедијата во Кочани и ја штити Кристина Јованова, инспекторка за економски криминал, прашува Костовски
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Јуни 2025

Зошто Христијан Мицкоски го плаши вистината за трагедијата во Кочани? Дали најголемиот страв на власта е дека ако се соочат со правдата виновниците и актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе стигне до највисоките струткури во власта на чело со премиерот, праша на денешната прес-конференција Мартин Костовски – организациски секретар на СДСМ.
Дополнително праша, зошто после речиси три месеци нема ниту еден актуелен функционер обвинет за најголемата трагедија во независна Македонија во која 62 деца го загубија својот живот, а повеќе од 200 беа повредени.
„Дали Христијан Мицкоски ја штити главната инспекторка за економски криминал во ОВР Кочани – Кристина Јованова која морала да знае дека во дискотеката Пулс се случува економски криминал?
Дали се работи за уште еден партиски кадар кој носел и дома и во партија? Како е можно двајца полицајци кои минатата година ја казниле дискотеката поради нарушување на јавен ред и мир пишувајќи казна на неактивната фирма ДПТУ Класик ДМ ДОО на газда Деко да бидат дел од истрагата за Кочани, а главната и одговорна која била должна да провери која фирма сега раководи со деловниот објект да биде поштедена? Зошто Јованова не проверила дали фирмата која била казнета има никаква економска активност? И ако проверила зошто тогаш соодветно не ја казнила компанијата „Мммм кафе дооел Кочани“ која стопанисувала со дискотеката Пулс кобната вечер“.
Костовски праша и дали Јованова земала дел од колачот на газда Деко.
„Како Јованова дозволила и натаму да работи „Мммм кафе дооел Кочани“ имајќи го во предвид фактот дека објектот само неколку месеци пред тоа бил казнет од страна на УЈП за неиздавање на фискални сметки? Како е можно Јованова и раководството на МВР да дозволат со дискотеката Пулс која имала илјадници посетители секоја недела да стопанисува фирма со блокирана сметка која не може да обавува никаква економска активност? Ако фирмата има блокирана сметка тоа значи дека ги плаќала кон добавувачите, вработените и сите останати обврски нелегално со црни пари во кеш“.
Тој нашпоменува дека Кочани не е милионски град па Јованова или било кој во МВР да не може да открие дека единствената дискотека во градот работи на црно, пере пари и го оштетува буџетот на државата.
Оцени дека доколку МВР и сите надлежни институции навреме го детектирале криминалот во дискотеката Пулс немаше да загубиме ниту еден млад живот.
Го повика обвинителството да спроведе независна истрага и да се ослбоди од стегите од власта.
„Доколку имаат притисоци, закани или уцени од премиерот, Христијан Мицкоски или било кој државен функционер нека излезат и јавно нека споделат со јавноста. Народот ќе биде на ваша страна и ќе ве заштити. Се додека нема правда за жртвите на пожарот во Пулс, СДСМ нема да запре со „Вистината за Кочани“, нагласи Костовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
