Се судрија мопеди во Охрид: две лица повредени

 

Вчера во 13.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од А.И.(19) од Охрид и мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од В.С.(65) од Охрид.

 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.С., а со телесни повреди се здобил Е.И.(20) од Охрид, сопатник на мопедот „томос“, констатирани во Општа болница во Охрид.

 

Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.