(Видео) Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува, скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, велат од СДММ

 

„Социјалдемократската младина на Македонија со згрозеност реагира на скандалозната и срамна прослава на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Додека родителите и семејствата се уште тагуваат за смрта на 62 деца, додека над 200 млади се борат со последиците од повредите, додека цела држава бара одговорност, помош и поддршка“, вели Марта Крстеска – Социјалдемократска младина на Македонија.

 

 

„Скандал е да се прави журка додека Македонија се уште тагува. Скандал е да му се аплаудира на Мицкоски за говор полн со омраза кон семејствата на повредените и загинатите во трагедијата во Кочани. Скандал е да се пали пиротехника, која што е забранета, но беше и причина за пожарот и големата трагедијата во Кочани.

 

Мицкоски ги третира младите како реквизити, како инструмент за неговите политички хирови. Ги користи младите за негово шоу, за манипулација. За да му аплаудираат додека го истура гневот кон семејствата кои загубија деца.

 

Ова е дрскост, бесчувствителност и целосна деградација на младите.

 

Бидејќи употребата на пиротехника е и законски забранета и казнива бараме МВР да постапи без одлагање – кој одобрил, кој набавил, кој наредил употреба на пиротехнички средства?

 

Ги повикуваме младите да го кренат својот глас против начинот на којшто Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги третираат.

 

Младите не се декор за митинзи, младите не се статисти за фештите на Мицкоски, младите се двигатели на општеството.

 

СДММ стои рамо до рамо со младите што бараат одговорност за Кочани, со младите што сакаат да им помогнат на семејствата на загинатите и поредените, со оние што знаат што значи човечност“, соопшти Марта Крстеска – Социјалдемократска младина на Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.