Русковска: Мора да стигнеме до организаторите на 27 април и да ги обвинимe

Обвинителката за организираниот напад на Собранието на 27 април 2017, Вилма Русковска, смета дека поднесениот предлог-закон за амнестија не влиаје врз текот на судскиот процес.

 

-Никој во предметот за 27 април не е обвинет за тероризам. Делата за кои се товарат се разликуваат, ова не е потешко дело од тероризам. Никаде во обвинителниот акт не е спомнат зборот тероризам или терористички акт, рече Русковска.

 

Можеби некогаш, рече обвинителката, ќе биде повикан како сведок Никола Груевски, а засега ценела дека не треба. Ако има поврзаност на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски со насилствата, тогаш тој ќе биде обвинет.

 

-Не сме направиле ништо ако не стигнеме до организаторите и не ги обвинимe. Во моментов нема доволно материјални или вербални докази за организаторите. Затоа водам предистражна постапка. Имаме докази со кои се потврдува улогата на Митревски и Василевски. „Кољо" и „Нинџа" имаат клучна улога. 

 

Фактот што самите се пријавија во полиција, по осум месеци бегство, не ја намалува нивната вина, рече Русковска.

Таа кажа и дека базните станици покажуваат каде бил тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков за време на упадот во Собранието.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.