СДСМ: Истрагата за Рекет да се забрза, нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ги спаси криминалците

Во белиот дворец, симболот на криминалот и корупцијата, продолжуваат со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во ВМРО-ДПМНЕ.

 

Станува јасно дека како што се развива истрагата за случајот Рекет, така паниката во ВМРО-ДПМНЕ е се поголема.Попречување истраги, нарачување предмети и пресуди беше одлика на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Надлежните институции да откријат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ.

 

Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дел, а доколку се докаже дека одредени медиуми свесно манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми.

 

Истовремено, ова е уште потврда за потребата од забрзување на истрагата и лоцирање на сите вмешани во случајот Рекет. Нарачателите, извршителите и помагачите и сите вмешани, од прв до последен, да одговараат за своите постапки.

 

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ја наруши постапката, да ја загрози истрагат и да ги заштити криминалците и своите тајкуни, ќе одговараат сите за кои низ судска потапка ќе се докаже вмешаност во овој случај.

 

Ги повикуваме надлежните институции да го расчистат овој случај но и сите останати предмети и истраги, а виновниците да одговораат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност.

 

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.