Димовски: Селекцијата на кандидатите за прием во АНБ е направена со мнозинство

Селекцијата на кандидатите за прием во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) е направена со мнозинство, работевме во согласност со постојната законска регулатива, рече директорот на Агенцијата, Виктор Димовски.

 

Во поглед на одредени прашања кои се појавија во јавноста, Димовски рече дека не е загрижен и според него се работи за потврда дека она што се работело е добро сработено.

 

„Сакам да кажам дека времето на поединци и групи, кога одлучуваа што ќе се одлучува и како ќе се одвиваат одредени процеси во државата е поминато. Работевме во согласност со постојната законска регулатива, работевме врз основа на однапред утврден и едногласно утврден Деловник за работа и сите одлуки беа донесени едногласно освен една којашто беше донесена со мнозинство“, рече Димовски.

 

Секоја селекција, додаде тој, е донесена со едногласна одлука и зад сите одлуки стојат записници.

 

Димовски додаде дека работата е мониторирана од национални и меѓународни тела и тој мониторинг, како што рече, не остава простор за грешки, а процесот на „ветинг“ продолжува.

 

Директорот на АНБ на новинарско прашање одговори дека меѓу кандидатите немало лица против коишто се преземени мерки и против коишто се води постапка во надлежните обвинителски органи.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.