Дуковски бара да му се укине притворот на Боки 13: Здравјето му е влошено, може да има смртна последица

Адвокатот на Бојан Јовановски побара укинување на притворот и замена со друга мерка, бидејќи неговата здравствена состојба е сериозна влошена и може да има смртна последица.

 

Дуковски до судот достави и медицинска документација во која доктор Зоран Спировски од Клиниката за торакална хирурхија дава мислење дека Јованоски мора итно да биде хоспитализиран.

 

,,За да не излезе дека плачеме и молиме, сакам да ве запознаам со медицинската белешка. Секој втор ден осомничениот се носи во Клиниката за торакална хирургија за да прима терапија и да се интервенира. Има две неуспешни операции и додека е во притвор има големи проблеми. Докторот кој го третира осомничениот ми издаде негов став, а тој предлага неопходна хоспитализација. Може да се случи смртна последица. Професор доктор Спировски Зоран издаде мислење. Поевтино е да биде хоспитализиран, отколку секој ден да го носат на клиника”, рече Дуковски.

 

Тој како бранител на Боки 13 посочи дека со решението за продолжувањето на притвор издадено од Кривичниот совет осомничениот веќе бил осуден. Дуковски вели дека нема основи за продолжување на притворот.

 

,,По принципот на економичност, во врска со основот попречување на истрага, нема основи бидејќи истрагата е завршена. Овие решенија за притвор се во спротивност на праксата на Стразбург. Решението донесено во фаза на истрага, со образложението укажува на тоа дека е виновен за се. Тие велат 'начинот на извршување на кривично дело', кажувајќи го во минато време, како да е завршено. Велат 'степенот на кривична одговорност', 'соочување со реална можност за изрекување казна затвор' - тие веќе го осудија. Ова не се основи. Ние сме сигурни дека обвинетиот нема да се даде во бегство, судот може да примени превентивна мерка. Не може Кривичен совет да се вклучува во кривична одговорност. Советот испитува морив во фаза на истрага. Тогаш не треба судење. Притворот треба да биде најкраток. Имаме завршена истрага и во таква фаза, само во исклучителни случаи може да биде продолжена. Неосновани се ставовите на кривичниот совет”, рече Сашо Дуковски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.