Отфрлено барањето на Боки 13 да биде пуштен од притвор
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Октомври 2019
Бојан Јовановски познат како Боки 13 останува во притвор, одлучи Апелациониот суд. Судиите ја отфрлија жалбата на адвокатот Сашо Дуковски со која бараше на Боки 13 да му биде одредена алтернативна мерка за обезбедување присуство.
Судот смета дека сè уште постои можност Боки 13 да избега и да биде недостапен за органите на прогонот, како и да го повтори делото што му се става на товар во случајот „Рекет“.
Боки 13 бараше да биде пуштен од притвор поради неговата здравствена состојба и неможноста да се третира во затворот. Адвокатот Дуковски, пак, ги убедуваше судиите дека одлуката за продолжување на притворот што ја долнел Кривичниот суд не е издржана со аргументи.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс