Заев: Ако нема одлука за датум, владата може да падне

Понатамошно одлагање на добивање датум за преговори со Европската Унија би можело да доведе до пад на владата, рекол премирот Зоран Заев во Виена, пренесува „Танјуг“. Тој истакнал дека Северна Македонија нема алтернатива.

 

„Алтернатива нема. Ако ЕУ не донесе одлука за почеток на пристапни преговори ние нема да се откажеме од нашиот европски пат. ЕУ е нашата иднина“, рекол Заев.

 

Додал дека веројатно, поради одложување на одлуката, владата би можела да падне, но дека на нејзино место ќе дојде друга која ќе го продолжи европскиот пат.

 

„Поради ЕУ го сменивме името, направивме договори со Грција и со Бугарија и ги унапредивме односите со другите соседи. Верувам дека ЕУ нè мотивира да продолжиме со работа и да постигнеме уште поголем успех“, рекол Заев.

 

Тој изразил надеж дека Северна Македонија ќе добие зелено светло на претстојниот состанок на лидерите на земјите-членки на Унијата, иако министрите за надворешни работи не донесоа одлука за датум на вчерашниот состанок во Луксембург.

 

Ова не е првпат Заев да ја спомнува можноста за пад на владата доколку земјата не добие датум за почеток на преговори. Тој и пред четири месеци рече дека ако не добиеме датум, владата најверојатно ќе ја изгуби довербата на мнозинството во Собранието.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.