
Лидерска средба кај Пендаровски
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Октомври 2019

Лидерите на политичките партии веќе се во вилата Водно, каде почна лидерската средба.
Средбата ја свика претседателот Стево Пендаровски откако земјата не доби датум за започнување преговори со ЕУ.
Како што најави и премиерот Зоран Заев, во фокусот на лидерската средба ќе биде организирањето на предвремените парламентарни избори.
Покрај лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, на средбата пристигнаа и лидерите на партиите од албанскиот политички блок. Беса и ДУИ веќе побараа предвремени избори, а ваквата одлука на премиерот ја поздравија и од Алијансата за Албанците.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
