Мицкоски на средба со Палмер: Потребно е Македонија да се стави на брзата лента за членство во ЕУ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Октомври 2019
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се сретна со американскиот заменик-помошник државен секретар за европски прашања, Метју Палмер.
„На средбата стана збор за актуелната политичка состојба, беше потенцирано значењето за стратешкото партнерство со САД, како и потребата за остварување на стратешките цели за напредок во интегративните процеси на земјата“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски истакнал дека е за интензивни односи и соработка со Соединетите Американски Држави за сите прашања кои се од заеднички интерес, обезбедувајќи стабилност и развој на процесите.
„Претседателот Мицоски истакна дека е потребно Македонија да се стави на брзата лента за членство во Европската Унија преку сериозни сеопфатни реформи. Мицкоски посочи дека потребно е ресетирање на општеството и безусловна борба против корупцијата и апсолутна правда“, се наведува во соопштението.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс