Арсовски: Сите од СЈО кои цицале народни пари да дадат оставки
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Ноември 2019
Сите обвинители и истражителите од СЈО кои биле дел од злосторничкото здружение и кои цицале народни пари да си дадат оставки за да не ја попречуваат истрагата за парите кои ги цицале од СЈО, а тоа се пари на граѓаните, побара портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.
„Одговорност за украдените милиони евра мора да има. Доколку не си поднесат оставки, Јавниот обвинител кој ја спроведува истрагата треба да побара истите да бидат суспендирани се до завршување на истата истрага. Јавните обвинители и истражителите кои биле дел од злосторничкото здружение и Катица Јанева заедно со нив, многу добро ги знаеле законите и затоа се сомневаме дека свесно влегле во незаконското делење на народните пари и молчеле за огромните додатоци. Имено, законите се јасни. Катица Јанева можела да добива плата во висина од 90% од платата на Републичкиот јавен обвинител, а нејзините соработници и таа, не смееле да имаат додатоци повисоки од 35% од платата. За жал гледаме дека милиони евра се делеле без никаков основ и без никакви критериуми. Што значи дека сите таму во СЈО свесно го кршеле законот, мислејќи дека никој нема да побара одговорност од нив“, рече тој.
Обвинителството, додаде Арсовски, има обврска да ги замрзне нивните работни места за да не влијаат во текот на истрагата, и тоа мора да го стори уште веднаш.
„Злосторничкото здружение наречено СЈО, а составено од блиски луѓе на СДСМ и Заев кои рекетираа и трошеа наши народни пари на граѓаните, за плати, хонорари и додатоци околу нив потрошиле неколку милиони евра. Без никаква основа се делеле хонорари на обвинители, на роднини, на роднините на функционерите вработени од СДСМ во СЈО, и на многу други функционери на СДСМ од власта. Платите на обвинителите во СЈО биле многу повисоки од платите на обвинителите во Јавното обвинителство иако како што рековме по закон тоа не смее да се случи“, рече Арсовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс