
Седум нови пациенти се тестириат за коронавирус, меѓу нив две бремени жени
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 15 Март 2020

„Станува збор за пациенти од Штип, Куманово, Тетово, Кичево и Охрид. Дел од нив престојувале во Швајцарија, Аврстија и Германија, тоа се пациентите од Штип, Куманово, Тетово и Кичево.
После неколку дена од враќањето развиле висока температура, а сега се во одделите за излоација. Нивните резултати ќе бидат готови во текот на денот.
Од Охрид еден пациент и две родилки кои вчера се донесени од Дебар. Едната е во болницата во Охрид, другата е во Скопје, двете се во оддел за изолација. Во стабилна состојба се и не се непосредно пред породување.
Ги донесовме за да се направат тестовите и да бидат спремни за породувањето“, рече министерот Филипче.
Сите хоспитализирани пациенти се со лесна клиничка слика вклучувајќи го и 15-годишниот пациент, а кај пациентката од Дебар која е на респираторни машини забележливо е значајно подобрување на параметрите, но состојбата се уште и е непредвидлива.На Клиниката за инфективни болести за коронавирус се тестираат седум нови пациенти меѓу кои и две бремени жени, извести министерот за здравство Венко Филипче.
Се вартиле во Македонија од Швајцарија, Австрија и Германија, а симптомите им се јавиле неколку дена по враќањето.
Светот се соочува со вирусот COVID-19. Само заедно можеме да се справиме. Борбата против вирусот е одговорност на секој од нас. Бидете дисциплинирани и следете ги препораките на експертите. Грижете се за себе, вашите најблиски и оние околу вас.
Останете дома - спасете го човечкиот живот!
МТМ Телевизија - ПРВА СКОПСКА
ОДГОВОРНО ЗАЕДНО
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
