
ТВ МТМ - прва скопска го честита Велигден на сите православни верници
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Април 2020

ТВ МТМ - прва скопска на своите гледачи и читатели и на сите православни верници им го честита Велигден.
“Ни претставува особено задоволство и чест на сите верници да им го честитаме христијанскиот празник, над сите празници Воскресението Христово – Велигден. Нека и овој Велигден биде патоказ дека сплотени во верата во Христа, под закрилата на светата црква, можеме да ги надминеме сите голготи и предизвици. Во ова време на постојан страв од пандемијата во нашата земја и во светот, да не заборавиме да го следиме патот на светлината и да не се штедиме да се даруваме себеси на другите, да ја негуваме безусловната љубов кон нашите сограѓани и нашата татковина, вдахновени од примерот на Христа.“.
ХРИСТОС ВОСКРЕСНА!
ВИСТИНА ВОСКРЕСНА!
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
