Каракачанов предлага Македонија и Бугарија да бараат во Грција да се подигне споменик на Гоце Делчев

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, повика Бугарија и Северна Македонија да го покренат прашањето за подигнување споменик на местото на загинувањето на Гоце Делчев, близу селото Баница, денешна Грција.

„Време е заедно, како братски држави, пред нашиот партнер Грција да го покренеме прашањето за поставување спомен-обележје на Гоце Делчев и таму заедно да го одбележуваме сеќавањето на него“, напиша Каракачанов на „Фејбук“.

Тој додаде дека можеби во урнатините на селото Баница, каде сè уште е духот на Гоце Делчев, ќе дојде до помирување и просветлување на неговиот лик и дело.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.