„Проверете го возилото пред да влезете“: жена од Белград пред необична сцена во центарот на градот

 

Вистинската драма се одвивала во центарот на Белград кога жена случаен минувач забележала змија како се вовлекува во паркиран автомобил „Фиат“ со белградски регистарски таблички.

 

Загрижена за безбедноста на сопственикот на возилото, жената оставила предупредувачка порака на бришачот, а информацијата брзо се проширила низ социјалните мрежи, со цел што поскоро да стигне до сопственикот или до некој што го познава.

 

– Внимание – змија во автомобилот! Ако ова е вашиот автомобил или го познавате сопственикот, проверете го возилото пред да влезете“, напишала пишувало во описот на објавата на страницата „Мојот Белград“.

 

Според написите на тамошните медиуми, минувачите биле повикани да бидат максимално внимателни.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.