Димитров во работна посета на Србија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров на покана на својот колега, министерот Ивица Дачиќ, денеска ќе биде во работна посета на Република Србија.

Ова претставува прва работна посета на министерот Димитров во странство од почетокот на пандемијата, во знак на натамошно развивање на пријателски дијалог и соработката меѓу двете соседни земји.

На средбата, предвидено е министрите да разменат мислења за актуелната состојба во севкупните билатерални односи и можностите за унапредување на соработката во сите области од заеднички интерес, со акцент на продлабочување на економската соработка. Воедно, ќе бидат разменети мислења и искуства во врска со справувањето на двете земји со актуелната пандемија, како и нивните претстојни чекори за релаксирање на рестриктивните мерки во меѓусебниот режим на движење, во рамки на севкупните слични тенденции во регионот и Европа.

Подеднакво значајни теми на разговор ќе бидат и регионалната соработка, како фактор на стабилноста и просперитетот на нашиот регион, како и ЕУ агендата во пресрет на значајните чекори кои и’ претстојат како на Северна Македонија, така и на Србија и целиот регион.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.