Од 13 јули „Кроација ерлајнс“ воведува линија Загреб - Скопје

Хрватската национална авиокомпанија „Кроација ерлајнс“ објави распоред за летови за јули, според кој од средината на овој месец ќе воведе линија од Загреб кон Скопје.

Линијата Загреб - Скопје повторно се воведува од 13 јули со два лета неделно, секој понеделник и петок, а од 22 јули уште две поаѓања неделно, секоја среда и недела, пренесува SeeBiz.

Најавени се авиони А319 со капацитет од 144 седишта за сите четири летови неделно.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.