Филипче: Новите мерки треба да дадат ефект за три недели
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 30 Октомври 2020
Министерот за здравство, Венко Филипче, очекува новите мерки да го намалат бројот на новозаразени од Ковид-19 и со тоа да спласне притисокот врз болниците.
„Целта на овие мерки е доколку доследно се почитуваат да дадат резултат. Резултатите од воведените мерки не само кај нас туку и во другите земји доаѓаат по три до четири недели, толку трае циклусот на еден тренд на намалување на трансмисијата на вирусот, такви се и нашите очекувања“, рече Филипче на Скопскиот аеродром, каде што ја пречека донацијата 60 респираторни машини од НАТО.
Сепак, вели дека е неблагодарно да се даде прогноза, бидејќи многу од предвидувањата не се остварија.
„Респираторите ќе бидат распределени во Инфективната клиника, во болницата '8 Септември' , Клиниката за анестезија - КАРИЛ, сите клинички болници и неколку општи болници каде што се леуваат пациентите“, рече Филипче.
Во моментов сè уште се примаат пациенти во Козле, а следната институција која ќе прима пациенти е Институтот за белодробни заболувања.
„Има кадар којшто има огромно искуство и знае да управува со овие машини, пред сè анестезиолози“, рече Филипче.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс