ВМРО-ДПМНЕ на протести во Берово, Пехчево и во Кочани побара оставка од Заев
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Декември 2020
ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протести во Берово, Пехчево и во Кочани побара оставка од премиерот Зоран Заев.
„Народот се буди, бара оставка на Зоран Заев и заминување на оваа криминална мафијашка влада. Нема да дозволиме распродажба на македонските национални интереси и распрачување и урнисување на достоинството на македонскиот народ. Бараме итно прекинување на преговорите со Бугарија, не дозволиво е преговарање за македонскиот јазик, македонскиот идентите и македонската историја, нема да дозволиме национално понижување“, рече Мане Јаковлевски.
Претседателот на УМС, Сергеј Попов, на протестот во Берово ги повика сите малди да излезат на улиците и да побараат оставка од Заев, односно, како што рече, младите сакаат достоинствен живот како сите млади во Европа и светот, а не живот каков што нудат СДСМ и Заев.
„Ги повикувам сите млади во наредниот период да излезат и да ни се придружат на протестите, ние единствено што бараме е достоинствен живот и сигурна иднина, а не ова што ни го нудат власта и Заев - распродажба на македонскиот јазик и историја“, вели Попов.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, во Кочани изјави дека нема откажување и сѐ додека Заев не си поднесе оставка, ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира.
„Остануваме на улиците, колку сме, толку сме. Бараме оставка од Заев и нема откажување. За нашето минато, нашата македонска историја, нашиот македонски јазик и нашиот идентитет нема право никој да преговара. Не бараме ништо што е туѓо, само бараме да запре ова срамно понижување и на македонскиот народ и на сите граѓани што живеат овде. Зоран Заев мора да си замине за Македонија да оди напред. Доста ни е од поразите и неуспесите. Доста е со виткање 'рбет, доста е со национално понижување. Оставка сега за да не биде предоцна“, изјави Лефков.
ВМРО-ДПМНЕ вечерва организира протести во 20 града.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс