Oбјавeн нов повик за реонски попишувачи за пописот

Државниот завод за статистика повторно објавува конкурс за избор на реонски попишувачи за пописот на населението, домаќинствата и становите 2021.

Повикот се однесува само за реоните каде што недостигаат попишувачи, а со цел да се запази принципот дека секое населено место ќе има локален попишувач што ги познава местото и населението што живее таму, како и да има доволно попишувачи што може процесот да го спроведат на јазиците што се загарантирани со Уставот.

Огласот трае до 20 март 2021 година.

Владата се приклучува на повикот на ДЗС сите заинтересирани лица што ги исполнуваат условите да се пријават на конкурсот достапен на следниот линк: https://popis2021.stat.gov.mk/konkursi/DopolnitelenKonkursZaPopisuvaci_3_mk.pdf

На повикот имаат право да се пријават и кандидатите што се пријавија на претходниот повик за попишувачи, но не беа во можност да присуствуваат на тестирањето.

Приоритет во спроведување на сите фази од пописот е здравјето на попишувачите. Со таа цел, усвоен е протокол за превентивни мерки при спроведување на пописот, а со негово доследно почитување, попишувачите, но и сите граѓани, може да бидат сигурни дека попишувањето ќе биде спроведено безбедно.

За ангажманот лицата ќе добијат соодветен надоместок, кој се пресметува врз основа на веќе воспоставена методологија од страна на ДЗС.

Успешно спроведен попис е врвен приоритет на Владата. По 20 години, наша обврска и одговорност е да обезбедиме релевантни податоци за населението, домаќинствата и становите, податоци што се основа за креирање политики кои одговараат на потребата на сите наши граѓани.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.