
Исени-Улусој: принципот на професионалност и воспоставување на еднакви можности за сите во МВР мора да се почитува
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Мај 2025

Денеска заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени оствари средба со турскиот амбасадор, Фатих Улусој, придружуван од неговите советници за внатрешни работи. На средбата соговорниците се согласија дека двете земји негуваат одлични пријателски односи и соработка.
Амбасадорот Улусој искажа благодарност за досегашната соработка помеѓу двете земји, а особено се заблагодари на поддршката и соработката со Министерството за внатрешни работи.
Заменик министерот Исени се заблагодари на поддршката и помошта која Република Турција и ја дава на Република Северна Македонија, оценувајќи ја соработката како исклучително пријателска. Тој ги презентираше предизвиците со кои се соочува МВР, нагласувајќи дека принципот на професионалност и воспоставување на еднакви можности за сите во МВР мора да се почитува.
На средбата беше потврдено дека Турција е еден од нашите најблиски партнери, како и важен сојузник во НАТО, а взаемниот долгогодишен пријателски и партнерски однос е надополнет со силна економска, трговска, безбедносна и културна соработка на која двете држави остануваат посветени.
Заменик министерот Исени и амбасадорот Улусој се согласија дека од интерес на двете земји е соработката да продолжи и во иднина и таа да биде продлабочена.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
