Милошоски: Предлог одлуката за разрешување на Филипче ја засноваме на членот 68 од Уставот
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 13 Септември 2021
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе достави предлог одлука за разрешување на министерот за здравство Венко Филипче заради лошиот менаџмент на здравствената криза која што кулуминираше со трагичниот случај на новоизградената болница во Тетово која што се запали и за жал однесе 15 човечки животи, изјави пратеникот Антонијо Милошоски.
„Оваа предлог одлука ја засноваме на членот 68 од Уставот на Република Македонија, а слична таква предлог одлука доставиле оние кои што денеска ја критикуваат односно пратеничките групи на СДСМ и НСДП во 2013 година, 25 октомври врз основа на овој член доставиле предлог одлука за разрешување токму на оваа уставна норма“ нагласи Милошоски.
Тој додаде дека Талат Џафери треба да се стави во улога на заштита на граѓаните и конечно да искаже политичка воља оставката на Венко Филипче да биде констатирана во Собранието, бидејќи, како што рече, после една ваква катастрофа најмалку што може Собранието да направи за граѓаните е да ја констатира оставката на Филипче, а потоа истражните органи да си ја водат работата кон тоа дали и кој сноси кривична одговорност.
„Има и прашања зошто не поднесовме Интерпелација за Венко Филипче што е исто така уставна и деловничка можност, одговорот е едноставен. ВМРО-ДПМНЕ пред три години поднесе интерпелација против тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и таа интерпелација Талат Џафери три години ја криеше во фиока, никогаш не дојде на дневен ред. Имаме уште неколку тековни интерпелации поднесено против министри од тековната Влада и Талат Џафери сеуште ги чува во фиока и не се дојдени на дневен ред. Затоа, не сакаме да си играме со ваквите можности затоа што Талат Џафери се поставува како заштитник на министрите, како да е министер во Владата, а не Претседател на Собранието како граѓански демократски дом“ наведе тој.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс