(Видео) Мицевски: Владата во согласност со Уставот и Деловникот да ги достави оставките до Собранието
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 14 Септември 2021
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница, а во врска со оставката на министерот и заменик-министерот за здравство укажа на членот 219 од Деловникот за работа на Собранието, каде што се вели дека член на Владата може да поднесе оставка, ја повика Владата во согласност со Уставот и Деловникот да ја достави оставката на министерот и на заменик-министерот за здравство до Собранието.
„Вие велите оставката е поднесена, каде е оставката ? Оставката на член на Владата до претседателот на Собранието се произнесува преку претседателот на Владата, ние ја немаме добиено уште, доколку е доставена“, рече Мицевски.
Мицевски ѝ укажа на Владата дека се многу несериозни како владејачко мнозинство. Рече дека темата е многу сензитивна. И несериозно е, како што рече, во ситуација кога слушаме дека министер и заменик-министер дале оставка, тие да не бидат процесирани, односно донесени до Собранието во рокот кој го имаа во изминатиот период.
„Затоа, ја повикувам Владата, во согласност со Уставот и Деловникот, да ја достави оставката на министерот и на заменик-министерот за здравство до Собранието, како би можеле ние во согласност со член 220 да ја констатираме и затоа барам еден час пауза,з во тој еден час да биде доставена оставката и да завршиме веќе со оваа фарса“, истакна Мицевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс