Во тек е етапната исплата на септември пензии
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 28 Септември 2021
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска започна етапната исплата на септемвриските пензии.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.09.2021 година (вторник);
За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2021 година (среда);
За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2021 година (четврток);
За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.10.2021 година (петок).
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 28 септември (вторник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.
МТСП апелира до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс