Вархеји и Заев разговараа но не дадоа изјави
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 29 Септември 2021
По посетата на еврокомесарот Оливер Вархеји на земјава, како и по средбата со премиерто Заев, немаше ниту изјави ниту соопштение од Владата.
Вархеји и Заев само објавија на Твитер за средбата, која, како што наведоа, се одржа во Клубот на пратениците.
Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни предходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за 🇲🇰 и за 🇪🇺 и посветени сме на тој процес. pic.twitter.com/S5nsvWhPWS— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) September 29, 2021
„ Денеска во Скопје имав средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, со кого отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината”, објави Владата изјава на Заев на Твитер.
И Вархеји се огласи на социјалната мрежа:
„Среќен сум што се вратив во Скопје на целосна дискусија со премиерот Заев. Се согласивме за брз почеток на имплементирање на проектите од Економскиот инвестициски план за Западен Балкан за зајакнување на економскиот развој на Северна Македонија и регионот”, напиша Вархеји.
Тој додава дека го очекува самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија и дека Западниот Балкан е клучен приоритет за Европската комисија, а иднината на регионот.
„ Разговаравме како да постигнеме напредок во отворањето пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија”, напиша Вархеји.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс