(Видео) Арсовски: Крадењето струја, ако си близок до Заев, стана секојдневие

Вчера ја имавме најсмешната Монти Пајтон ситуација, каде што власта предводена во овој случај од Оливер Спасовски, како министер за внатрешни работи, пред лицето на јавноста и пред камери од медиуми заштити криминал, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Вчера, рече тој, полицијата и Оливер Спасовски ги сокрија дивите копачи на криптовалути во јавното претпријатије ГТЦ, каде што изминативе четири години под палка на СДСМ краделе струја и користеле простор и струја од ГТЦ, да се обогатат со стотици илјади, а можеби и милиони евра преку копање на криптовалути.

 

 

„Аминувањето на ова крадење струја од страна на коалицските партнери на Зоран Заев информациите говорат дека е на семејството Бајрам, коешто е во коалиција со СДСМ. Очигледно е дека е поддржано од директорот на ГТЦ и од претседателот на одборот на директори на ГТЦ. Интересно е што претседател на одборот на директори е г-ѓа Трајанка Тасевска, чиј сопруг е директор на БЈБ при МВР, тоа е Сашо Тасевски. Истата г-ѓа е претседател и на форумот на жени во СДСМ во Кисела Вода. Е сега, интересно е што вчера полицијата, замислете, не можеше да ги пронајде машините за копање криптовалути по претходна пријава нормално со точно дадени информации, односно  полицијата вчера ги заштити дивите копачи коишто краделе струја од ГТЦ“, истакна Арсовски.

Дали Оливер Спасовски и Сашо Тасевски, по нарачка на неговата сопруга, и директорот на ГТЦ од СДСМ, Ѓоко, ја повлекле полицијата и излегоа со информации дека најпрвин не пронашле машини, праша Арсовски на денешната прес-конференција.

„Зошто се дислоцирани машините ако е сè легално како што велеа во МВР? Каде се однесени тие машини и дали сега се наместени во други институции каде што на истите места можеби крадат повторно струја? Зошто не се уапсени сопствениците, како што изминативе месеци  во медиумите можевме да прочитаме дека се апсени и други диви копачи на криптовалути? Сомневањата и информациите се дека тие машини се во сопственост на коалицискиот партнер на СДСМ, господинот Елвис Бајра“, рече тој.

„Очигледно татко му на Зоран Заев не бил единствен што краде струја во држават , очигледно и семејството Бајрам крадело струја од ГТЦ на грб на чесните дуќанџии, кои замислете изминативе  година и пол погодени од корона кризата влегоа во сериозни минуси. Очигледно голем дел од минусот за тие сметки и е токму и поради копањето на овие криптовалути, коешто одело на нивни грб“, напомена Арсовски.

Додаде дека сите треба да сносат одговорност.

Според него, крадењето и криминалот со СДСМ станаа секојдневие во Република Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.