АВМУ: Несоодветно е однесувањето на обезбедувањето на ГТЦ и обидот да се отстранат новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека е крајно несоодветно однесувањето на обезбедувањето на Градскиот трговски центар и обидот да се отстранат новинарите за време на нивното известување за средбата со сопствениците на дуќаните во ГТЦ, кои бараат истрага за случајот со криптовалутите.

 

„Истражувачкото новинарство е суштина на новинарската професија и тоа е клучно за остварувањето на улогата на медиумите во современите демократии. Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, поради што треба да им се овозможи непречено да известуваат за теми кои се предмет на интерес на јавноста“, стои во реакцијата на АВМУ.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.