Вкупно 29 починати и 1.045 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.695 тестови, а регистрирани се 1.045 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 557, Куманово – 57, Битола – 53, Тетово – 47, Велес – 41, Охрид – 39, Прилеп – 35, Гостивар – 33, Кавадарци и Струмица по 32, Кочани – 19, Штип – 17, Гевгелија – 14, Неготино – 12, Струга и Свети Николе по 11, Кичево – 8, Ресен – 6, Кратово – 4, Делчево и Богданци по 3, Радовиш и Валандово по 2 и по еден заразен од Дебар, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија.

Од вкупниот број на позитивни (1.045), регистрирани се 132 реинфекции.

 

 

Во текот на изминатото деноноќие, регистрирани се 25 починати лица, од кои 11 од Скопје (67, 74, 74, 76, 77, 77, 77, 77, 80, 83 и 85 години), 3 починати лица од Прилеп (71, 78 и 86 години), по 2 починати лица од Тетово (57 и 76 години) и Штип (65 и 79 години) и по едно починато лице од Кратово (81), Крушево (82), Неготино (85), Охрид (86), Ресен (64), Куманово (76) и Струга (69). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително пријавени се четири смртни случаи во периодот од 23 јануари до 2 февруари. Од пријавените починати, двајца се од Скопје и по еден од Свети Николе и Струмица, на возраст од 64 до 82 години. Од нив, едно е починато во болнички и 3 лица во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (29), 6 лица биле целосно вакцинирани, а кај 26 биле регистрирани коморбидитети.

Во последните 24 часа регистрирани сe и 2.418 оздравени пациенти од: Скопје – 1.456, Битола – 288, Прилеп – 130, Куманово – 84, Ресен – 61, Кавадарци и Кичево – по 54, Велес – 35, Штип – 24, Тетово – 23, Гевгелија – 22, Неготино – 20, Радовиш – 14, Охрид и Струмица – по 13, Гостивар, Кочани, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 12, Демир Хисар – 10, Македонски Брод и Берово – по 9, Крушево и Пехчево – по 6, Дебар – 5, Виница и Дојран – по 4, Делчево, Богданци и Пробиштип – по 3, Кратово и Валандово – по 2, Демир Капија – 1.

Направени се 4.695 тестови преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-101, ЦЈЗ Прилеп-56, ЦЈЗ Тетово–2, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–150, Жан Митрев (Филип Втори)-99, Авицена-140, Биотек-171, Систина-61, лабораторија Лаор-194, Синлаб-11, Ремедика-11, Плодност-32, Генеа-12, Никоб Лаб-362, ВФВ Медикал-75, Ели Медика-16, Ројал Медика–22, Спектра-ММ-22, Рапид Лаб–27, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-15, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.536.

Досега во земјата се направени вкупно 1.818.882 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 278.182, бројот на оздравени пациенти е 257.280, на починати е 8.578, а бројот на активни случаи изнесува 12.324.

Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 127291, Активни 6484

Куманово 15304, Активни 528

Битола 13317, Активни 783

Прилеп 13021, Активни 426

Тетово 12761, Активни 450

Кавадарци 9401, Активни 518

Гостивар 9007, Активни 268

Велес 8750, Активни 335

Охрид 8172, Активни 303

Штип 7659, Активни 159

Струмица 7490, Активни 320

Кичево 5079, Активни 183

Кочани 4768, Активни 162

Струга 4479, Активни 126

Гевгелија 3931, Активни 195

Неготино 3338, Активни 190

Свети Николе 2516, Активни 95

Ресен 2445, Активни 114

Радовиш 2359, Активни 122

Крива Паланка 2258, Активни 69

Делчево 1826, Активни 72

Берово 1657, Активни 13

Дебар 1529, Активни 28

Валандово 1429, Активни 89

Виница 1317, Активни 32

Пробиштип 1265, Активни 16

Богданци 936, Активни 78

Кратово 899, Активни 29

Крушево 830, Активни 17

Демир Хисар 791, Активни 29

Македонски Брод 659, Активни 34

Македонска Каменица 515, Активни 21

Демир Капија 507, Активни 20

Пехчево 439, Активни 10

Дојран 237, Активни 6





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.