
Мицкоски: Најновото покачување на цените на горивата е жесток социјален удар врз граѓаните
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 08 Март 2022

Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок. Но, тие пропуштија да се занимаваат со тоа што е најважно за граѓаните, нивниот стандард. Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот фејсбук профил.
Мицкоски доава дека поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството.
Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво.
Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула.
ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5%
И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори.
Пари во буџетот има, нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
