
Утре студено со температури до 9 степени
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Март 2022

Утре наутро времето ќе биде многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје сончево, попладне со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност со пораст на температурата. Зголемување на облачноста, врнежи и повторно заладување се очекува на крајот од работната седмица.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
