Променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 24 степени.

Од утре ќе има повеќе сончеви периоди, ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а дневната температура ќе биде во пораст. В четврток и в сабота попладне се очекуваат локални врнежи од дожд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.