Посно сирење, мајонез или еурокрем, за полесен, но неправилен пост

Сигурно сте забележале дека во последно време, се почесто на пазарот се ниди разновидна посна храна, која неколку неделните пости ги прави поиздржлии.

 

Во екот на Божиќните пости, сигурно имате направено список на намирници, по кои строго се придржувате. Но, ние имаме новост за вас. Никако немојте да им верувате на производителите кои нудат шницли и гулаш од соја, сирење и млеко на база на растителни производи, посен маргарин, посен еурокрем или посен мајонез.

 

Вистината е дека верниците кои постат внимателно ги читаат состојките на производите и често запаѓаат во недоумица која храна треба да се смета за посна и да ја консумираат, а која е сомнителна и не треба да се користи. Се покажало дека повеќето од тие „растителни имитации на мрсна храна“ всушност не се посни.

 

Многу е важно да ја прочитате декларацијата, бидејќи многу растителни сирења можат да содржат некои состојки од животинско потекло, како што е казеин протеинот. Ако купувате растителен кашкавал, проверете дали содржи казеин протеин.

 

 Посно е само сирењето од соја. Крем бананите не се посни, бидејќи во нив се наоѓа желатин, кој се прави од животинско потекло. Истото важи и за гумените и желе-бомбони. Исто така, во многу пецива и тестенини има јајца или јајца во прав, затоа, не секоја тестенина е посна. На пример, лебот во некои пекари се премачкува со смеса која содржи јајца, за да добие сјај и крцкавост. Не секоја рибина паштета е посна, па затоа се препорачува да се прочита декларацијата.

 

Многумина исто така мислат дека смоките како и останатите грицки слични на смоки се посна храна, меѓутоа не е така. Тие содржат млеко во прав и какао путер, а овие состојки не се посни. Ова се дел од производите на кои треба да внимавате секогаш кога постите, а за да не бидете изманипулирани од производителот, најдобри е самите во домашни услови да си подготвувате посна храна.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.