(Видео+Фото) Плакети за придонес и развој на боксот добија боксери од Екс Ју

Плакети за дадениот придонес во развојот на боксерскиот спорт, на боксерските југословенски легенди, им додели вицешампионот на поранешна Југославија, градоначалникот на Општина Петровец, Борче Митевски.

 

 

На покана на Митевски, на свечената средба присуствуваа југословенските боксерски легенди, освојувачи на светски и олимписки медаљи.

 

 

Митевски како вицешампион на поранешна Југославија им додели плакети за дадениот придонес за развојот на боксот, како на балканските простори така и во Македонија.

На средбата присуствуваа Тадија Качар, Антон Јосиповиќ, Драган Вујковиќ, Мирко Пузовиќ, Велимир Јевтиќ,Фазлија Шакировиќ, Небојша Вуковиќ, Реџеп Реџеповски и Аце Русевски.

 

 

Од Боксерскиот сојуз на Србија и боксерскиот клуб Куманово 84, Борче Митевски доби плакета и признание за особен придонес во развојот и промоцијата на боксерскиот спорт во Македонија и во Србија.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.