126 првачиња од Општина Петровец ја започнаа новата учебна година

Општина Петровец

Во основните училишта низ општина Петровец 126 ученици за прв пат седнаа во улилишните клупи. Градоначалникот на о.Петровец Борче Митевски ги посети скоро сите основни училишта на територијата на општината, при што им посака успешна учебна година како на првооделенчињата, така и на сите ученици.

 

126 првачиња денеска за прв пат седнаа во училишните клупи во училиштата низ о.Петровец. Од нив во централното ОУ Братство Единство, заедно со четирите подрачни, учебната година ја стартуваат 55 првачиња, додека во ОУ Кочо Рацин, вклучувајќи ги и подрачните, во училишните клупи седнаа 71 прваче.


Свечен прием на првачињата и организирани манифестации имаше во сите централни училишта, а присутен беше и градоначалникот на о.Петровец Борче Митевски, кој на сите првачиња им посака успешна учебна година.


Директорката на ОУ ,,Кочо Рацин истакна дека за прием на првачињата подготвиле свечен прием на кој поголемите другарчиња организираа приредба. Инаку во ОУ,, Кочо Рацин,, има вкупно 965 ученици.


Досега сите основни училишта низ општината Петровец беа темелно реконструирани, а изградени се и две нови основни училишта од кои едното е Кочо Рацин во Петровец, а другото е подрачното основно училиште Братство Единство во населеното место Чифлик, со кое им се овозможи на децата од ова населено место да посетуваат настава во местото во кое живеат.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.